Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 12

:
Macedonian - 2006
1 Еве ги оние кои исто така дојдоа кај Давид во Циклаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саул; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата,
2 вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браќата Са­улови, од Венијаминовците;
3 началник беше Ахиезер, по него Јоас, синови на Шемаја од Гива; Језиел и Пелет, синови Азмаветови; Бераха и Јуј од Анатот;
4 Јишмаја од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината;
5 Еремија, Јахазиел, Јоханан и Јозавад од Гедера;
6 Елузај, Јеремот, Беалија, Шемарија, Цафатија од Харуфа;
7 Елкана, Јишија, Азариил, Јоезер, и Јашовам, од Кореовците;
8 и Јоила и Зевадија, синови на Јеро­хам од Гедор.
9 Кај Давид во тврдината, во пустината дојдоа мажи јунаци, од Гадов­ците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни лица лавовски, брзи како елени в гора.
10 Главен беше Езер, втор Авдија, трет Елијав,
11 четврти Мишмана, петти Еремија,
12 шести Атај, седми Елиил,
13 осми Јоханан, деветти Елзавад,
14 десетти Еремија, единаесетти Махбанај.
15 Тие, синовите Гадови, беа началници во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над илјада.
16 Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што жи­вееја во долините кон исток и кон запад.
17 Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината кај Давид.
18 Давид излезе да ги пресретне и им рече: „Ако сте дошле со мир кај мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.“
19 И духот го поттикна Амасај, на­чалникот на триесеттемина, и тој рече: „Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага.“ Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.
20 И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давид, кога војуваше со Филистејците против Саул. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите филистејски, откако се посо­ветуваа, го испратија, велејќи: „За наше зло тој ќе побегне кај својот господар Саул.“
21 Кога се враќаше Давид во Циклаг, прибегнаа кон него луѓето Манасиеви: Аднах, Јозавад, Михаил, Јозавад, Ели­јуј, Цилтај, илјадници кај Манасија.
22 Тие му помагаа на Давид против четите на Гедор, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската.
23 Така секој ден придоаѓаа кај Давид на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја.
24 Еве го бројот на вооружените за бој началници, што дојдоа кај Давид во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово.
25 Од Јудините синови, копјеносци и штитоносци, имаше подготвени за војна шест илјади и осумстотини;
26 од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум илјади и сто;
27 од синовите Левиеви четири илјади и шестотини;
28 дојде и Јодај, началник од Ароно­виот род, и со него три илјади и седумстотини;
29 и младиот Садок, храбар јунак, и родот негов дваесет и двајца начал­ници;
30 од синовите Венијаминови, браќа­та Саулови, дојдоа три илјади; но уште многумина од нив му беа верни на Сауловиот дом;
31 од синовите Ефремови дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои;
32 од половината од племето Мана­сиево осумнаесет илјади, кои поиме­нично беа повикани, за да одат да го зацарат Давид;
33 од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Из­раел; тие беа двесте началници, и сите браќа нивни беа под нивно заповедништво;
34 од племето Завулоново имаше го­тови за борба, вооружени со секак­ви воени оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни;
35 од племето Нефталимово илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и копја;
36 од племето Даново дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна;
37 од Асир четириесет илјади војници, подготвени за борба;
38 од онаа страна на Јордан, од племињата на Рувим и Гад и од другата по­ловина од племето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје.
39 Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со искрено срце во Хеврон, за да го зацарат Давид над целиот Израел. Па и сите други Израелци беа еднодуш­ни да го зацарат Давид.
40 И останаа таму кај Давид три дена, јадеа и пиеја, зашто браќата им беа подготвиле сѐ за нив;
41 па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоно­вото и Нефталимовото племе, им до­несуваа на магариња, камили, маски и волови сѐ за јадење: брашно, смокви, суво грозје, ви­но и масло, како и многу ситен и крупен добиток, бидеј­ќи радоста беше голема за Израел.